Иницијатива за отворање на Дом за стари лица во општина Новаци

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и претседателката на Организација на жени-Битола, Светлана Петковска денес во општина Новаци ја промовираа иницијативата за отворање старски дом.
Објектот ќе биде отворен во постоечката стара амбуланта на излезот од Новаци кон РЕК Битола.
- На барање на жителите на општина Новаци во соработка со Организација на жени започнуваме постапка за отворање старски дом. Објектот е во наша сопственост кој ќе биде издаден на долгорочна концесија или пак под закуп за оваа намена се со цел да се задоволат барањата на нашите жители, истакна Котевски.
Средствата за отворање на старски дом ќе се обезбедат со аплициран проект до ИПА фондовите, а ќе се користат и привилегиите што ги нуди Владата на Република Македонија, беше истакнато на денешната промоција во Новаци.
Ново на Сител
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
