Македонија
26. September 2018 - 18:01

Иницијатива - Беласица да биде прогласена за заштитено подрачје

Беласица да се прогласи за заштитено подрачје. Ваква иницијатива покренаа екологистите од Струмица во соработка со планинарски клубови, велосипедисти и љубители на природата. Својата иницатива тие ја базираат на фатот што Беласица веќе е заштитена  во соседните Бугарија и Грција. Делот на бугарска територија е прогласен за природен, додека на грчка е национален парк. Од еколошкото друштво Планетум сметаат дека со реализацијата на нивната иницијатива ќе се заштити големото природно и културно богатство со кое располага планината,  но и ќе се отвори поголема можност за промоција на регионот и развој еко руралниот туризам.

Иницијативата поддршка доби и од градоначалникот на општина Струмица.

Иницијативата на струмичките екологисти не е единствена во државата. Сличен ваков проект подого време се реализира во Источниот плански регион во кој веќе тече процедурата за заштита на Осоговските планини. Токму нивните искуства ќе бидат основа за реализација на проектот ,, Мрежа за заштита на планината Беласица,,.