Информативно-едукативни филмови на НБРМ

Народната банка на Република Македонија ќе го унапредува нивото на финансиската едукација на населението преку денеска промовираните информативно-едукативни филмови „Народна банка - 70 години во служба на македонското општество“ и „Запознајте ја централната банка“.
Филмовите се дел од активностите за одбележување на јубилејот - 70 години централнобанкарски активности во Македонија. Во нив се нуди преглед на работењето на НБРМ, од октомври 1946 година до денес, со посочување на поважни случувања. Со донесување на уредба тогашната македонска стопанска банка се соединила со Југословенската народна банка и функционирала како нејзина централа за народна Република Македонија. Во филмот се потесетува дека во 1971 година НБРМ е воведена како уставна институција и оти една година подцна е востановена функцијата гувернер, чиј прв носител бил Стојан Ќосев. Прикажани се и настани од финансиското осамостојување и пуштањето во оптек на првите македонски пари. Понудени се и информации за основните цели на работењето на НБРМ, со појаснување на поимите инфлација, дефлација, ...
Гувернерот на НБРМ Димитар Богов на промоцијата порача дека во современи услови на сложени економски процеси и брз технолошки развој, финансиското образование е од големо значење и за поединците и за целото општество.
- Од осамостојувањето наваму НБРМ ги има сите функции на соверемена централна банка и на најдобар начин ги исполнува законските цели. Ја одржува ниската стапка на инфлација и го штити финансискиот сектор од ризици. Сепак, за остварување на овие цели е потребна и информирана јавност, рече Богов.
Како дел од активностите за финансиската едукација во првата половина од годинава Народната банка ја посетиле 2.148 основци од 42 училиштасо овој чекор. Институцијата во духот на јубилејот организира и меѓународни конференции и форуми.
На 17 октомври НБРМ ќе промовира публикација за научно-истражувачките трудови за областа на монетарната економија и банкарството, а на 19 октомври ќе организира главна прослава за јубилејот.
Ново на Сител
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
