Информативен енергетски ден во општина Карпош
Во организација на одделението за енергетска ефикасност на општина Карпош денеска се одржа „Информативен енергетски ден“.
Стручните лица во Кинотека на Македонија информираа за активностите од проектот за ладење и греење „CoolHeating“ и за резултатите од досегашното залагање на општина Карпош, како регионален пример за енергетски ефикасна општина.
Целта на Информативниот енергетски ден, како што информира општина Карпош, е подигнување на свеста на граѓаните за придобивките од користење на мали модуларни системи за централно ладење и греење.
Проектот „CoolHeating“ ќе овозможи пренесување на знаења и искуства од заедничките активности меѓу партнерите од земјите, кои веќе ги користат овие развиени технологии за обновливо централно ладење и греење, какви што се Австрија, Германија и Данска. Корисници во овој меѓународен проект се општината Високо (БиХ), Љутомер (Словенија), градот Шабац (Србија), град Озаљ (Хрватска) и општина Карпош.
Карпош е единствената општина во Македонија која на локално ниво воведе субвенционирање на енергетски ефикасни градби и примена на обновливи извори на енергија, во системите за ладење и греење.
Ново на Сител
-
Пред куќата на убиствата во Прилеп полицијата имала престрелка со убиецот
-
Лишени од слобода возачи во Тетово и Гостивар, управувале возила под дејство на алкохол
-
Санкционирани осум лица во струмичко поради непочитување на забраната за движење во шуми
-
Трипуновски: Рекордна цена на најзастапените сорти на грозје
-
Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина
-
Пријавен случај на подметнување пожар во Делчево
-
Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола, 22 целосно изгаснати
-
Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел