Информации за гасоводот и железницата на владина седница
Информацијата за динамиката и финансиските средства за реализација на проектите за изградба на магистрални гасоводи, делница „Гостивар-Кичево“ и делница „Свети Николе-Велес“, како и информациите за изготвување закон за донирање на вишокот храна, се меѓу точките на дневен ред на денешната редовна седница на Владата.
Членовите на владиниот кабинет треба да донесат мислење и за Информацијата за работата на Меѓувладината македонско – руска комисија за трговско-економска и научно – техничка соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација. Тие ќе одлучуваат и за Информацијата за давање согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на измена и дополна на Проект за инфраструктура за изградба на железничка пруга Куманово-Бељаковце, општина Куманово со Предлог – одлука.
Редовната, 150-та седницата на Владата на Република Северна Македонија, со останатите многубројни точки на дневниот ред, е предвидено да започне денеска напладне.
Ново на Сител
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот