Македонија
4. May 2016 - 8:34

Инфоден за МЕДИА - потпрограма на „Креативна Европа“

Во ЕУ Инфоцентарот во Скопје денеска ќе се одржи инфоден за програмата на ЕУ „Креативна Европа“, потпрограма МЕДИА.

Гостин на настанот ќе биде Камен Балкански, раководител на Канцеларијата на „Креативна Европа“ Бугарија за потпрограмата МЕДИА, со кого во вториот дел од настанот е предвидена сесија за прашања и одговори.

На инфоденот ќе се обрати Мими Ѓоргоска-Илиевска, директор на Агенцијата за филм на Република Македонија, а потпрограмата МЕДИА од „Креативна Европа“ ќе ја презентираат Билјана Прентоска и Владимир Стојчевски.