Инфо сесија за „#ОброкЗаСите“ со старт-ап заедницата и невладиниот сектор
Фондот за иновации и технолошки развој и Министерство за труд и социјална политика ќе го промовираат јавниот повик „#ОброкЗаСите“ за доделување финансиски средства за креирање на иновативно системско и одржливо решение за обезбедување храна за лица или семејства со реална потреба за поддршка од заедницата.
На инфо сесијата ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки разво Јован Деспотовски.
Повикот беше објавен на 23 март. Сите заинтересирани микро, мали и средни компании, како и граѓански организации можат да се пријават на јавниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за труд и социјална политика „ОброкЗаСите“ кои со финансиски средства ќе помогнат да се реализираат најиновативните решенија за обезбедување храна за сиромашните граѓани, понудени на повикот.
- „ОброкЗаСите“ цели кон изнаоѓање на иновативно, системско и одржливо решение за обезбедување на храна за лица и семејства со реална потреба од поддршка на заедницата. Со решението ќе се овозможи вишокот храна од производителите на храна, дистрибутерите, трговците, угостителските објекти и домаќинствата што би сакале да бидат дел од оваа платформа, ефикасно да биде распределена и доставена до одредени места каде социјално загрозени граѓани имаат пристап, рече тогаш директорот на Фондот за иновации и технолошки развој.
Овој повик, беше речено, треба да овозможи да се најде иновативно решение за да се обезбеди храна на сите и систем што ќе значи собирање на вишоците храна кои остануваат и во моментов завршуваат на отпадите и да се насочат кон оние граѓани за кои оваа храна значи многу бидејжи живеат во сиромаштија.
Јавниот повик е отворен до 21 мај. Тој се однесува на сите микро, мали и средни претпријатија и граѓански организации што работат во доменот на социјалното претприемништво или имаат намера својата дејност да ја прошират на ова поле.
Вкупниот буџет за овој повик е два милиони денари. Ќе се финансираат 90 проценти од вредноста на проектот, а 10 проценти ќе треба да покрие самиот апликант.
Ново на Сител
-
Врховниот суд ги разгледа извештаите за работата на пониските судови
-
Исчезна 14 годишно девојче од Скопје
-
Ќе продолжи изградбата и реконструкцијата на повеќе театри, предвидени 123 775 000 денари
-
Ќе се набавуваат 120 еколошки автобуси, најголем дел за Скопје
-
Влада: Усвоена информација за изградба на нови објекти и за реконструкција на постојните објекти во културата и набавка на 120 еколошки автобуси
-
ЕСМ: Од денеска до 5 април минимални редукции на испораката на топлинска енергија во Скопје
-
Два нови случаи на Ковид-19 во државава
-
Поднесена иницијатива за смена на Перо Антиќ