Инфо-денови за ИПАРД
![]()
Во рамки на едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014 – 2020 неделава ќе се одржат инфо-денови во шест градови, каде заинтересирани ќе можат да се информираат за за постапките и условите за аплицирање за средства од оваа програма.
Денеска инфо денови ќе се одржат во Берово и Пехчево, утре во Дојран и Негорци и задутре во Белчишта и Охрид.
Притоа ќе бидат претставени мерките 7 и 3, со тоа што во фокусот на вниманието ќе биде мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ имајќи во предвид дека објавениот Јавен повик 01/2019 се однесува на аплицирање по мерката 7.
-Од вкупно предвидените 68 милиони евра што се на располагање преку ИПАРД 2 Програмата, во земјава се искористени 19 милиони евра. Се очекува до крајот на годината да бидат искористени уште 8,7 милиони евра, што се оценува како добар знак и за земјата и за Брисел. Најголем број од апликациите се однесуваат на земјоделските стопанства за набавка на механизација, следуваат барањата за поддршка за преработувачката индустрија за воведување стандарди, нова опрема и технологија, а дел се однесува и на мерката за диверзификација на бизнисот, што овозможува развој на руралните средини, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сектор за управување со ИПАРД фондови.
Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа http://www.ipardpa.gov.mk, http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
