Инфективните одделенија се полнат со пациенти, болниците најавуваат отворање на модуларните оддели
Расте бројот на хоспитализации со Ковид. За една недела на болничко лекување биле примени 100-тина нови пациенти. Во моментот во Ковид центрите во земјава хоспитализирани се 526 лица, од нив 170 се во Скопје на Инфективна, во ГОБ 8 септември и во детската болница Козле, останатите се во болниците низ државата.
Во внатрешноста најголем број на пациенти 49 има на инфективното одделение во Општата болница во Велес. Половината се на кислородна подршка. Во оваа здравствена установа се подготвуваат за отворање и на модуларната болница.
-Поради зголемениот број на пациенти на инфективното одделение се организира и планира отворање и на модуларната болница, изјави д-р Елена Левкова Ќулумова, специјалист интернист во општата болница Велес.
И во сеседното Кавадарци влошена е епидемиолошката состојба. Во четвртокот и петокот 255 граѓани имале позитивен тест. Поради ова на почетокот на викендот отворена е и модуларната болница. Во кавадаречката болница хоспитализирани се 28 пациенти, од нив 12 се на лекување во модуларната.
И во останатите градови во земјава има зголемен број хоспитализации, но и амбулантски прегледи.
Министерот за здравство во изјава за Сител рече дека во петокот бил пратен допис до сите здравствени установи да се подготват за повторно отворање на Ковид центрите поради зголемениот број на заразени.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар