Индустриското производство во првите четири месеци поголемо за 8,7 отсто

Индустриското производство во периодот јануари-април 2016 година во однос на истиот период лани е поголемо за 8,7 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Во април годинава, пак, во споредба со април 2015-та, индустриското производство е поголемо за 3,6 отсто.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април бележи опаѓање од 10,2%, во Преработувачката индустрија има пораст од 9.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 29.5%.
Порастот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите - Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во април 2016 година во однос на април лани бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.1%, Капитални производи за 36.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.1%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 28.1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.8%.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
