Бизнис
8. August 2015 - 19:05

Индустриската зона Охрид-Струга подготвена за инвеститорите

Новата технолошко индустриска развојна зона во охридско-струшкиот регион ќе привлекува  голем број на инвеститори кои ќе градат фабрики и ќе отвараат нови работни места за жителите.

ОДВ Електрик која веќе има свој  брауфилд погон во втората половина на месец август ќе започне со изградба на своја фабрика и ќе отвори илјада нови работни места,а веќе следната седмица ќе пристигнат претставници на германската компанија Костал од областа на автомобилската индустрија која веќе објави одлука за инвестирање во Охрид и ќе започнат со регрутирање на првите вработени вкупно илјада .

Возобновувањето на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник чија изградба е во завршна фаза ќе биде најголема туристичка атракција и дополнителна понуда за привлекување на туристите.

Шесте објекти ќе бидат готови до 2018 година.

Проектот за бесплатен одмор на деца од социјални семејства е успешен најави премиерот Груевски,досега заклучно со последниот зимски одмор околу 9 илјади деца беа на летување или зимување.

Премиерот Груевски при денешната посета во Охрид потенцира дека проектот за бесплатен одмор на деца од семејства со созијален ризик е еден од подобрите проекти на Владата и дека истиот ќе продолжи и во иднина.