Индустријата една од најзагрозените стопански гранки, недостасува стручен кадар
Проблемот со недостигот на стручен кадар во индустријата станува алармантен. Само во фабриките во општина Гази Баба фалат 650 квалификувани работници. Комората апелира доста се промоции и кампањи, време е да се преземат мерки и да се реформира образованието според потребите на фирмите.
За таа целпрепорачуваат веднаш да се намалат квотите за уписи во гимназиите и третина од сите слободни места во средните училишта да бидат стручни.
Работодавачите признаваат дека платите во индустријата не се големи за децата да се мотивираат да се запишуваат во стручни училишта, но сметаат дека овој сектор сепак стои подобро од општетствените и ненасочените струки.
Синдикатот на идустрија пак смета дека платите во секторот се ниски. Зголемувањето на минималната плата од една страна ја подобри состојбата на најслабо платените работници, но ја влоши за сите останати.
Според статистика, во август просечната плата во индустријата изнесувала близу 21.000 денари или помала е за 4000 денари од просечната плата на државно ниво.
-
Наташа Хаџиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар