Индонезија не дозволува пристап на ЛГБТ заедницата до универзитетите
Министерот за образование на Индонезија, Мухамад Насир денеска соопшти дека во рамки на универзитетите на припадниците на ЛГБТ заедницата нема да им биде дозволена никаква активност, ниту каков и да е облик на организирање во кои би биле вклучени студентите, но и професорите.
Категоричкиот став на министерот дојде по зачестените улични протести на групи студени и повозрасни лица кои ги поддржуваат истополовите двојки и бараат легализација на нивните врски.
По ваквата изјава на министерот Насир, се очекува да бидат забранети активностите на штотуку формираниот Комитет за сексуални студии, кој во рамките на универзитетите им нуди совети на поборниците за слобода во интимните односи.
Во Индонезија манифестациите за морална поддрша и легализација на истополовите врски е од понов датум. Иако е држава со најбројно муслиманско население, Индонезија дури во последнава деценија почна да обрнува внимание на манифестациите на ЛГБТ заедницата, а не е никаква тајна дека истополовите љубовни врски не се невообичаена појава во државата.
Против категоричниот став на властите застанаа дел од организациите за заштита на човековите права, но ЛГБТ заедницата нема речиси никаква поддршка од медиумите.
Во последните неколку викенди Асоцијацијата на независни новинари на Индонезија оддржа повеќе работилници посветени на правата на маргинализираните групи, но освен заклучокот дека медиумите често со потсмев и потценување пишуваат за припадниците на ЛГБТ заедницата, нема ништо друго што би навестило дека медиумите го менуваат ставот.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава