Индиска „Малхотра“ ќе гради фабрика во ТИРЗ „Скопје“

Индиска „Малхотра“ ќе биде нов инвеститор во ТИРЗ „Скопје“, информира денеска вицепреиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Тоа е една од четирите нови странски инвестиции најавени викендот на трибина на Владата во Велес.
„Малхотра“ е компанија од автомобилската индустрија која на македонскиот пазар влегува во конзорциум со јапонска компанија. Ќе произведуваат кабли за автомобилската индустрија, односно ќе ја произведуваат суровината за сите останати фабрики во Македонија кои прават кабли за оваа индустрија.
-Ова ќе биде голема инвестиција која ќе започне во следниот период, рече Анѓушев, при увидот на активностите за изградба на капацитетот на американската компанија „Дура“ во ТИРЗ „Скопје 2“.
Одлуката за доделување земјиште на „Малхотра“ треба да биде усвоена на денешната седница на Владата. Инвестицијата на индиска „Малхотра“ е 17-та во изминатите две години.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
