Индијка, жртва на напад со киселина, прошета по пистата на Њујорк Фешн Вик
Решма Куреши е деветнаесетгодишна девојка од Индија која прежива напад со киселина, по што лицето трајно и е оштетено.
Оваа силна девојка одлучи нејзиниот живот да го посвети на мисијата за охрабрување на други девојки и жени да продолжат со нивните животи дури и по ужасот кој им се случил.
Решма оваа недела прошета по писата на Њујорк Фешн Вик (New York Fashion Week) во убав фустан од дизајнерката Арчана Кочхар.
- Ова појавување е важно за мене затоа што постојат толку многу девојки кои како мене се жртви на напади со киселини и ова им дава сила и храброст, рече Решма и додаде:
- Покрај тоа, овој чин ќе им покаже на луѓето дека другите не би требало да се проценуваат само врз основа на изгледот, како што не се суди книга по кориците.
Решма беше жртва на напади со киселина во 2014 година, при што нејзиното лице и тело беа сериозно оштетени, а го изгуби и левото око.
Во интервју за Би-Би-Си таа раскажа дека, откако првпат се видела во огледало, се обидела да се самоубие.. Сепак, таа пронашла сили да продолжи понатаму, а со својата организација „Make Love Not Scars“, ги поттикнува и охрабрува и другите жени со слични искуства.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари