-->
-->
Индијана потпиша со Мозес Браун
-->

Индијана ја засили центарската позиција. Откако ги загубија сите три центри поради повреда, Пејсерси потпишаа договор со 25-годишниот Мозес Браун висок 218 см.
Стартниот центар Мајлс Тарнер го пропушти поразот во понеделникот против Торонто поради повреда на потколеницата, а Индијана претходно ги загуби Џејмс Вајсман и Исаја Џексон за остатокот од сезоната поради повредени тетиви.
Браун ќе ја игра својата шеста сезона во НБА-лигата, откако во Г-лигата за Никс имаше просек од 18,5 поени и 13,5 скока.
Минатата сезона за Портланд блејзерс имаше просек од 3,4 поени и 3,9 скока за 9,1 минута во 22 натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
