Индија забрани извоз на неколку видови ориз

Индија го забрани извозот на неколку видови ориз за да го спречи растот на цените на домашниот пазар поради намалените залихи по монсунските дождови.
Од 20 јули е забранет извозот на бел и скршен ориз, со исклучок на сортата басмати, соопшти Министерството за храна, додавајќи дека забраната не го опфаќа ниту „делумно варениот“ ориз.
„Со цел да се обезбеди соодветна достапност на бел ориз на индискиот пазар, со исклучок на сортата басмати, и да се ублажи растот на цените, индиската Влада ја промени својата извозна политика“, соопштија од Министерството.
Напоменуваат дека малопродажните цени на оризот во Индија во изминатата година се зголемени за 11,5 отсто.
Индија учествува со повеќе од 40 отсто од светскиот извоз на ориз, а во 2022 година извезе околу 10 милиони тони бел и скршен ориз, без сортата басмати. Вкупно се извезени 22 милиони тони ориз.
Оризот е основна храна за повеќе од три милијарди луѓе, а неговите цени на светските пазари се блиску до највисокото ниво во последните 11 години. Дури 90 отсто од културата, чие одгледување бара многу вода, се произведува во Азија, каде временскиот феномен Ел Нињо обично носи помалку врнежи.
Поради Ел Нињо, цените на оризот од Виетнам, третиот најголем извозник во светот по Индија и Тајланд, скокнаа оваа недела на највисоко ниво во повеќе од 10 години.
Ново на Сител
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
