Индија успешно го лансираше прототипот на својот прв вселенски брод

Индија успешно го лансираше прототипот на својот прв вселенски брод за повеќенаменска употреба, соопшти денеска Индиската организација за вселенски истражувања, која го разработувала спејс шатлот веќе 15 години, јави ТАСС.
Прототипот на бродот РЛВ-ТД беше лансиран од космодромот на островот Шрихарикота во сојузната држава Андра Прадеш во седум часот по локално време. Дваесет минути по лансирањето тестирањето беше прогласено за успешно.
Леталото достигна височина од 70 километри, а следуваше тестирање на негово приземјување на виртуелна писта во Бенгалскиот Залив на 500 километри од брегот.
- Прототипот сепак се урна при удар во водата, изјави директорот на државниот вселенски центар „Викрам Сарабхаи“, К. Сиван.
- Податоците од експериментот ќе се користат за подобрување на конструкцијата на вселенскиот брод и изработка на иделна писта за полетување и слетување, додаде тој.
Првиот брод мораше да биде жртвуван со оглед на програмата за негово унапредување. Трошоците не се мали. Изработката на леталото со должина од 6,5 метри, тежина од 1,75 тони и вредност од 14,5 милиони долари траеше пет годни, изјави директорот на Центарот.
РЛВ-ТД претставува шест пати намалена копија на вселениот брод за повеќенаменска употреба „Аватар“, чија изработка Индија планира да ја заврши до 2030 година.
„Аватар“ ќе биде многу помал од американски вселенски бродови, тој ќе биде со големина отприлика колку ловците МиГ-25. Леталото ќе може да лансира во ниската орбита околу Земјата товар до илјада килограми.
Ново на Сител
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
