Индија повторно воведе ограничено движење во Кашмир
Индиските власти денеска повторно воведоа ограничување за слободата на движење во поголемите делови на Шринагар, најголемиот град во Кашмир, по серијата насилни судири меѓу жителите и полицијата во текот на ноќта во кои настрадаа десетици луѓе, соопштија двајца високи функционери и очевидци.
Во изминатите 24 часа се случија серија протести против одлуката на Њу Делхи за укинување на автономијата на Кашмир, територија со мнозинство муслимани на која Пакистан смета дека има право и поради која двете држави веќе се двапати војуваа.
Демонстрациите се случија откако беа намалени ограничувањата во саботата наутро.
Индиската влада соопшти дека полициски час не бил воведен во последните две недели, но движењето на населението е ограничено со барикади денеска на неколку места во градот поставени во последните часови.
Припадниците на безбедносните сили им порачаа на граѓаните на некои барикади дека е на сила полициски час.
Двајца високи владини претставници изјавија дека најмалку дваесетина лица биле примени во болници со повреди од гумени куршуми, откако во саботата вечер избувнале насилни судири во стариот град.
Ново на Сител
-
Македонската репрезентација со 4 гола позитива на полувремето против Катар
-
Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 3 лица
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото