Индија: Најмалку 35 мртви и 16 повредени при уривање на древен скалест бунар
Најмалку 35 лица загинаа, а 16 се повредени кога се урна древен бунар во хиндуистички храм во централна Индија, изјави денеска претставник на локалната власт.
Инцидентот се случил додека верниците вчера се собирале во храмот во Индоре за да го прослават хиндуистичкиот фестивал „Рам Навами“ , соопштија официјални лица.
-Спасивме 18 лица, но 35 се пронајдени мртви, додека 16 се повредени, изјави Илајараја Т, висок претставник на локалната власт, пренесен од британските медиуми.
Најмалку 75 припадници на војската и спасувачките служби работеле во расчистување на урнатината, користејќи јажиња и скали за да ги извлечат луѓето кои паднале во бунарот, јавуваат локалните медиуми.
Скалестите бунари се препознатлива форма на огромни подземни системи за складирање на вода на индискиот потконтинент и биле изградени 3.000 години п.н.е.
Ново на Сител
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната
-
Македонија има визија за Вештачка интелигенција, но само декларативно