„Индепендент“: Синот на Осама бин Ладен веројатно е мртов

Синот на лидерот на Ал Каида Осама бин Ладен и негов наследник во терористичката организација, Хамза бин Ладен е мртов, покажуваат разузнавачки информации на САД, пишува британскиот весник „Индепендент“.
Официјални претставници на американската администрација се уште ја немаат потврдено оваа информација, ниту е познато дали службите на САД имаат нешто со неговата смрт.
Хамза бин Ладен последен пат се појави во јавност минатата година во видео во кое ги повика луѓето на Арапскиот полуостров на востание, и во исто време и се закани на Саудиска Арабија. Земјата му го одзеде државјанството во март, кога американскиот Стејт департмент објави награда од еден милион долари за информација која би можела да доведе до откривање на локацијата каде се наоѓа.
Хамза, за кој се претпоставува дека има околу 30 години, блиску соработуваше со татко му во Авганистан пред терористичките напади на 11 септември, по што извесно време беше во Пакистан откако интервенцијата на САД во Авганистан го примора да ја напушти земјата.
Ново на Сител
-

Струмица започна долгорочен проект за озеленување на околината на градот
-

Поскапуваат градинките во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
