„Индепендент“ од денеска излегува само во електронска форма

Британскиот весник „Индепендент“, чија продажба веќе неколку години бележи континуиран пад, вчера излезе за последен пат испечатен на хартија, свртувајќи се целосно кон дигиталните технологии, со цел да ја надмине кризата, која владее во браншата.
За насловна страница на последното печатено издание редакцијата избрала голема бела страница, во чиј центар со црвени букви е испишано „Stop Press“ (Запрете ја печатарската машина), а под тие зборови е напишан периодот во кој весникот се печатеше, 1986-2016.
По оваа најава следува вообичаената прва страница, посветена на антитерористичката операција во Брисел.
Објавена е и екслузивна информација за судскиот процес против саудиски дисидент, кој живее во Велика Британија, обвинет за учество во осуетен заговор за убиство на претходниот саудиски крал Абдула, организиран од либиските власти.
Откако прексиноќа за последен пат го испратија изданието да се печати, вработените објавија на социјалните мрежи фотографии на кои тимовите тропаат на работните маси, традиционален гест, со кој ги испраќаат своите колеги, кои повеќе нема да работат за весникот.
- Денеска печатарските машини се стопирани, мастилото се исуши и повеќе нема да има печатење на хартија, но една страница се затвора, а друга се отвора и духот на „Индепендент“ ќе продолжи да живее, се наведува во редакциската статија на весникот.
Сопственикот на весникот, Британецот со руско потекло Евгениј Лебедев, кој уште минатиот месец го најави крајот на печатената верзија, истакна дека новинарството претрпело големи промени и оти „Индепендент“ треба да чекори во тој правец.
„Индепендент“ е најмалку продаваниот национален весник во Велика Британија, далеку зад таблоидите како „Сан“ и „Дејли Мејл“ или весниците „Тајмс“, „Гардијан“ и „Дејли телеграф“.
Ново на Сител
-

Најмалку двајца загинати при уривањето на зграда во Либан
-

Бугарската полиција истражува смрт на шест лица, се сомнева на ритуални убиства
-

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност
-

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност
-

По одлуката на Уставниот суд за Балуку, Рама најави продолжување на битката
-

27-годишник возел „порше“ без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
