Индексите на Вол Стрит паднаа по зголемото ширење на коронавирусот
Индексите на њујоршката берза Вол Стрит забележаа голем пад, по новото зголемување на бројот на заразени со коронавирусот. Лошиот резултат го намали неодамнешниот оптимизам дека економијата би можела брзо да закрепне од најтешката криза во последните децении.
Дау Џонс падна за 1.862 поени или 6,9 проценти, додека Насдак падна за 5,3 проценти.
Индексот Стандард и Пур падна за 5,9 проценти, што е најлош резултат во еден ден од средината на март кога акциите паѓаа нагло поради воведувањето рестриктивни мерки за борба против коронавирусот.
Како што пренесуваат странските медиуми, бројот на заразени со вирусот повторно расте во САД, како резултат на пообемни тестирања, но и послободно движење на луѓето и обновување на деловните активности.
Според официјалните податоци, бројот на заразени лица во САД надмина два милиона.
Ново на Сител
-
Во Турција уапсени 15 лица поради пожарот во ски-центарот Карталкаја
-
Десетици илјади Германци протестираа во Берлин против зголеменото влијание на екстремната десница
-
Скопјанец следел 19-годишна девојка од трговски центар до зграда по што сексуално ја нападнал
-
Трамп до ЕУ: Многу сте неправедни кон САД, дојде време за наплата
-
Северна Кореја тестира стратешки крстосувачки ракети море-земја
-
САД не ја прекинаа воената помош за Украина, рече Зеленски
-
„Немам кислород“ – низа протести во Грција за железничката несреќа кај Темпи по новите докази објавени во медиумите
-
Најмалку 70 загинати во напад врз болница во Судан