Инциденти во Бирмингем, повредени тројца полицајци

Тројца полицајци се повредени во инциденти што навивачи на Легија од Варшава ги предизвикаа измината вечер пред натпреварот против Астон Вила во Бирмингем во рамки на фудбалската Лига на Европа.
Инцидентите се случија пред почетокот на натпреварот на паркингот во близина на стадионот „Вила парк“ каде полските навивачи беа собрани под надзор на британската полиција. Врз полицијата беа фрлени чадни бомби и други пиротехнички средства.
Натпреварот почна во закажаниот термин, но трибината која беше резервирана за полските навивачи остана празна.
Полицијата во Бирмингем образложи дека „не можела да им дозволи влез на стадионот на навивачите на Легија по немирите кои се случија надвор од стадионот“.
Помалку од 1.000 седишта беа резервирани за навивачите на Легија кои често пати предизвикуваат нарушување на јавниот ред и мир.
Ново на Сител
-

Од ДУИ одбија да ги коментираат реакците на Филипче и Муцунски
-

Ќе се трошат државните резерви на мазут, за да нема рестрикции на струја
-

Прв состанок на претседателството на ДУИ
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Поскапува струјата - сметките ќе пораснат од 57 до 900 денари
-

Годишно обраќање на претседателката: Кочани тест за судството, без гаранции нема уставни измени за ЕУ
-

Поднесените измени на КЗ ќе ја паузираат расправата во Уставен - Костадиновски не очекува дискусија утре
-

Филипче уверува дека на следни избори ќе ја освојат власта, ВМРО-ДПМНЕ со критики за раководството на СДСМ
