Инцидент во училиштето „Зефљуш Марку“ во Скопје
На улица „Босна и Херцеговина“ Б.Т.(16) и Т.Д.(16) вчера околу 18 часот биле физички нападнати од поголема група на машки лица на возраст од околу 16-18 години.
Околу полноќ, на местото на настанот се упатил Т.З.(45) од Скопје и забележал како неговиот син Т.Д. го носеле негови другари и братучеди, кои му кажале дека не му е добро и дека има вртоглавица, по што го однел во Ургентен Центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и во разговорот со неговиот син истиот појаснил дека додека бил заедно со неговите другари физички биле нападнати од поголема група на лица при што ја изгубил свеста.
На Т.Д. во пределот на левото рамо му била нанесена повреда расекотина со тврд предмет, најверојатно од нож. Малолетникот појаснил дека до физичкиот напад дошло откако претходно неговиот другар имал расправија со напаѓачите во дворот на Училиштето „Зефљуш Марку“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
-

Лекарите трпат насилство, а ретко пријавуваат
-

Цените на такси услугите во Штип остануваат непроменети
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
