Македонија
5. August 2015 - 12:32

Инцидент во Тетово: Возач кренал полицаец на хауба

Вчера околу 12,15 часот на раскрсницата со булеварите „Маршал Тито“ и „В.С.Бато“во Тетово додека полициски службеник регулирал сообраќај бил удрен од патничко возило управувано од А.Б. (31) од с.Нераште-тетовско откако предходно истиот се оглушил на наредбата од полицискиот службеник.

Полицискиот службеник е пренесен во клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош,а А.Б. е приведен и по целосното  расчистување и документирње на случајот ќе следи соодветен поднесок.