Македонија
25. November 2017 - 14:35

Инцидент во скопско Арачиново - нападнат полицаец

Нападнат полициски службеник во скопско Арачиново. Како што информираат од МВР; вчера околу 10:30 часот на крстосницата с.Арачиново-с.Орланци, полициски службеници стопирале патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С. од с.Арачиново. Тој почнал вербално да ги навредува полициските службеници и во еден момент физички нападнал еден полициски службеник. Го удрил во градите и побегнал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот