-->
-->
Инцидент во маркет во Карпош
-->
Скопјанка во поодминати година, завчера напладне ги наполнила торбите во маркет во населбата Карпош, но на каса предизвикала инцидент. Со полни торби, таа се обидела да замине без да плати, но била фатена, по што почнала да се расправа со персоналот.
Со производите кои претходно ги украла, таа, почнала да фрла по вработените, пренесува порталот Република.
Продавачите се обиделе да ја спречат, но таа се спротивставила, а поради тензијата која настанала, вработените во маркетот ја повикала агенцијата која ги обезбедува.
Патролата набргу стигнала во објектот и ја задржале жената се до доаѓањето на полицијата која во меѓувреме била известена за кражбата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар