-->
-->
Инцидент пред Поликлиниката во Ѓорче Петров
-->
Инцидент пред Поликлиниката во Ѓорче Петров. Според информациите на МВР,вчера околу 14:15 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, С.А. (52) од Скопје, вработен како обезбедување во Поликлиниката-Ѓорче Петров, пријавил дека додека извршувал службени задачи го забележал лицето С.Б.(41) од Скопје надвор пред Поликлиниката како недолично се однесувал.
Откако С.Б бил предупреден за недоличното однесување, тој влегол внатре, и по кратко време физички го нападнал пријавителот по што го напуштил местото на настанот.
Поради здобиените повреди, пријавителот се упатил во Градската општа болница „8-ми Септември“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар
-
Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”