Балкан
22. September 2015 - 18:02

Инцидент: Опозицијата во парламентот го гаѓаше премиерот со јајца

Косовската опозиција не ни почека да почне со своето излагање премиерот Иса Мустафа, туку веднаш почна да го гаѓа со јајца. Мустафа требаше да реферира околу последните постигнати договори со Србија во Брисел, меѓу кои и оној за српска асоцијација општини на северот на Косово. Поради тензичната ситуација спикерот Кадри Весели ја прекина седницата.

- Ова е недостоинствен чин на опозицијата и не е за доброто на народот, рече Весели прогласувајќи пауза, која сеуште трае.

Во меѓувреме премиерот Мустафа, потпретседателот на владата и шеф на дипломатијата Хашим Тачи и Весели, одржуваат средба. Во собранискиот хол во моментот се само претставници на меѓународни институции во Косово.

Инаку, косовската опозиција е против договорот за српска асоцијација на општини.