Инцидент на скопскиот аеродром: Нападнат офицер за врски од Француската амбасада во Скопје

Вчера во 17.15 часот било пријавено дека во зградата на „Меѓународен Аеродром Скопје“, на шалтер бр.14, Е.В.(29) од Р.Албанија со тврд предмет физички го нападнал Т.Р.А.П.Р.(43) од Франција, офицер за врски од Француската амбасада во Скопје, кој вршел дополнителни проверки за условите за патување на странци за Европската Унија и Шенген држави.
Според пријавеното, Е.В. заедно со неговата сопруга и со нивното малолетно дете се пријавил да патува за Барселона, поради здравствени прегледи на детето, а бил незадоволен од тоа што францускиот претставник не му дозволил да патува во Европската Унија, со образложение дека не ги исполнувал општите условите за влез во ЕУ.
Е.В. бил приведен во Полициската станица за Граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, а во 21.10 часот бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
