-->
-->
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето
-->
Пејачот Драган Величковски, попознат во јавноста како Тајзи, викендов преживеал вистински драма на скопскиот аеродром, открива „Убавина и здравје“.
Додека се подготвувал за да се качи на авион на летот за Базел, при пренесувањето на багажот му експлодирал куферот, па вработените на аеродромот мислеле дека станува збор за бомба. Веднаш интервенирало обезбедувањето, за на крај да се воспостави дека куферот експлодирал од притисок од дезодоранс, а подебелиот крај секако го извлече Тајзи кој во Швајцарија пристигна со црна кеса за ѓубре во која беа сместени работите од куферот кои беа целосно уништени.
Носев бомба во куфер , се пошегувал Тајзи после слетувањето.
Од притисок експлодирал, ми беше понудено да не се качам на авион и да спремам тужба, но имав договорен настап и не можев да не се појавам – откри раперот за „Убавина и здравје“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени