Имунитетот на Ковид-19 по заразата може да трае подолго од осум месеци
Студија објавена во списанието „Сајанс“ открива дека имунитетот на човечкото тело кон новиот коронавирус обично трае најмалку осум месеци по инфекцијата и потенцијално може да трае значително подолго, објави „Вашингтон пост“.
Студијата открива дека околу 90 проценти од пациентите кои учествувале во студијата имале долготраен и стабилен имунитет.
Новата студија во „Сајанс“ сведочи дека луѓето развиваат подолготрајна отпорност на вирусот по инфекцијата во повеќето случаи.
Анализата на примероци од крв од речиси 200 пациенти покажа дека повеќе елементи на имунолошкиот систем, не само антитела, продолжуваат ефикасно да го препознаваат вирусот и да реагираат на инфекција.
Човечкото тело се чини дека се сеќава на напаѓачот и е во состојба да реагира на секоја средба со напаѓачот во координирано дејство на антитела и Т-клетки, се наведува во анализата.
Објавата во „Сајанс“ доаѓа откако новата, позаразна варијанта на коронавирусот, првпат забележана во Велика Британија, почна да се шири низ целиот свет. Научната заедница, сепак, верува дека оваа нова варијанта нема да победи во судир со човечкиот имунолошки систем.
Авторите на студијата објавена во „Сајанс“ сметаат дека резултатите од нивното истражување можат да се применат на британската варијанта, но и на пораспространетата. Причината за оптимизмот лежи во фактот дека имунолошкиот систем го напаѓаат различни делови на вирусот, а мутациите успеале да променат само неколку делови.
Ново на Сител
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим