-->
-->
Импров-групата „Настап“ гостуваше во Македонска Каменица
-->

Импров-групата „Настап“ синоќа во Македонска Каменица првпат реализираше перформанс – шоу базирано на театарска импровизација. Мартин Манев и Сергеј Димов, членови во групата, се задоволни од приемот на публиката.
– Импров-настапот се состои од игри кои се користат за време на театарска претстава и кои се адпаптирани за да може да склопиме едно доста комплексно шоу, без сценарио, со многу забава и во прекрасна атмосфера. За вакви настани треба посебен простор за да може публиката да учествува во интеракцијата, Всушност, тие ги креираат сцените, а ние ги играме. За среќа, вечерва имавме многу добра публика и атмосфера во киносалата во Македонска Каменица, со што настапот беше успешен, истакнаа членовите на „Настап“.
Импров-групата „Настап“ во март одбележува три години постоење. Во Скопје играат во МКЦ, а претходно настапиле и во бифето на Факултетот на драмски уметности.
Претставата беше само дел од богатата културна понуда која во изминатиот период ја организира Културно-информативниот центар „Романса“. Директорот Горан Огнановски за наредниот период најави нови активности за сите генерации публика.
-Очекуваме претстава за деца, ликовна изложба и два филма за кинопроекција, синхронизирани на македонски и наменети за најмалите. Воедно подготвуваме активности и за 8 Март – Меѓународниот ден на жената, рече Огнановски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
-

Татко го пронашол починато своето бебе во семејниот дом
-

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори
-

Леброн за неговата иднина: Немам што да докажам, сè сум направил, сè сум видел
-

Мицкоски: Има кус пат до ЕУ, но со понижувачки предизвици, ние го избираме потешкиот, со кој местото ќе го заслужиме со квалитет и резултати
-

22-годишник се претставил како друго лице за да избегне сообраќајна казна
-

Прегазен 79-годишен пешак во Скопје
