Македонија
24. May 2016 - 16:24

Имотната состојба на Петре Шилегов топ тема во медиумите

Со 11.000 денари плата, сопругата на Шилегов подигнала кредит од 160.000 евра. Банкарска дарежливост или обид за манипулација е начинот на кој семејството на портпаролот на СДСМ успеало да се стекне со луксузен имот во скопски Карпош.

Според пресметките на порталот Денешен за кредитот на Шилегов ратата во првите 3 години изнесува скоро 800 евра. За секој нормален граѓанин кој би сакал да го подигне овој кредит, банката ќе бара неговата плата да биде најмалку 2400 евра, односно 3 пати повисока од месечната рата.

Ако се знае дека Шилегов како пратеник има месечна плата од 1000 евра, тогаш неговата сопруга би требало да е пријавена на месечна плата од 1400 евра за да може да го добие овој кредит, но според објавените податоци, таа во тој период земала околу 11.000 денари.

Заедно со овие два стана недвижниот имот на Шилегов ја надмина сумата од 600.000 евра. Тој има луксузна куќа од над 300.000 евра и уште еден стан вреден околу 100.000 евра.

Портпаролот на СДСМ само во злато и уметнички слики чува близу 180.000 евра а располага и со над 190.000 евра кеш со што заслужено го доби местото меѓу милионерите во СДСМ.