Имотен лист од сега достапен на националниот портал - uslugi.gov.mk
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вчеравечер беше гостин во Тема на денот на ТВ Сител, тој зборуваше за новите услуги од Агенцијата за катастар на недвижности, кои од сега на граѓаните им се достапни на националниот портал за електронски услуги, uslugi.gov.mk како и во Центрите за услуги на министерството.
“Нашиот фокус сега е да одиме во два правци. Едниот правец е да ги дигитализираме услугите што граѓаните најмногу ги користат за да ја поткренеме свесноста дека постојат вакви електронски услуги и секако паралелно со тоа да одиме со оние институции коишто се најподготвени за брза дигитализација на нивните услуги” – изјави Андоновски во интервју за Тема на денот на ТВ Сител.
Министерот посочи на соработката со Агенцијата за катастар. Имотниот лист и пет други најкористени услуги од катастарот од оваа недела се достапни на порталот uslugi.gov.mk. Во сите центри за услуги во Скопје, во Општина Аеродром, во Јегуновце, во Куманово, во Охрид, во Битола и во Тетово граѓаните ќе можат да извадат ваков документ преку електронска услуга од катастарот.
“Тоа практично значи дека шалтерите од катастарот ги прошируваме низ целата држава и во нашите центри за услуги” рече министерот.
Тој истакна и дека со измените на Законот за електронски документи од 1 јануари секој документ којшто ќе се испечати од порталот односно електронски документ ќе може да се користи како традиционален документ, со синиот печат.
“Што значи дека овие документи имаат електронски печат, електронски потпис, времен жиг кој што точно утврдува кој го произвел, кој го потпишува и во кое време, што значи имаат полноправна валидност и ќе можат да се користат” дополни Андоновски.
Во прилог на линкот е достапно целото интервју на министерот: https://
Кабинет на министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски
Ново на Сител
-
Песков: Америка сака да види дека Киев сака мир за време на разговорите со Украина во Ријад
-
Поради сообраќајка на магистралниот пат Битола-Прилеп сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат
-
Камбовски: Набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд
-
Oд метастазиран рак до без рак за неколку месеци
-
Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар
-
Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни
-
Фетел: Шумахер е најголемиот возач во историјата на Формула 1
-
Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење