Името една од темите на средбата на Коѕијас со претседателот на кипарскиот Парламент
Спорот со името заедно со кипарското прашање биле главните теми за кои разговарале шефот на грчката дипломатија и претседателот на кипарскиот Парламент, на нивната средба во грчкото МНР. Ова, како што јавува дописникот на МИА од Атина, го откри Димитрис Силурис на неговиот твитер профил.
- Средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Добра можност за размена на мислења за темите што ги засегаат Кипар и Грција. Во фокусот кипарското прашање и прашањето со Скопје, напиша на Твитер претседателот на парламентот на Кипар.
Во интервју за грчката државна новинска агенција АПЕ-МПЕ, Силурис одбива да даде став или коментар во врска со прашањето за името.
- Прво да кажам дека ние не можеме да одредиме што треба и што сака да на прави Грција во однос на ова прашање. Нашата соработка со Грција и нашата поддршка за Грција, но многу повеќе поддршката на Грција за Кипар е безвременска. Ние сакаме Грција да биде со помалку проблеми и колку е можно посилна. Затоа, особено во оваа клучна фаза, нема да заземам став за било која точка или параметар што се однесува на разговорите за решавање на проблемот, вели Димитрис Силурис за АПЕ-МПЕ
Ново на Сител
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
-
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници
-
Мексико: Се судрија автобус и камион, осум загинати, 27 повредени
-
Ново обвинение за струшкиот градоначалник, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница
-
Трамп го повика Врховниот суд да го прекине спроведувањето на законот за забрана на ТикТок
-
Протестен марш против аерозагадувањето во Скопје