Балкан
11. July 2016 - 10:22

„Имерисија“: „Новиот пат на свилата“ минува преку Грција

„Новиот пат на свилата“, по кој Кинезите планираат во голема мера да ја развијат својата трговија, минува преку Грција, пишува весникот „Имерисија“.

Весникот ги наведува секторите во Грција, во кои кинеските моќни корпорации планираат да инвестираат, како инфраструктурата, дигиталните технологии, елетрониката и туризмот. 

Предвидени се големи проекти како трговскиот центар во Триасио, кој се смета за следната голема цел на Кинезите по добивањето на контролниот пакет акции на пристаништето Пиреја, новот аеродром во Кастели и грчките бродоградилишта. 

Атинскиот меѓународен аеродром и грчките пристаништа веќе се меѓу приоритетите на Кинезите, кои се заинтересирани и за инвестиции во туризмот, додава весникот.