-->
-->
Имате ладни раце? - Веднаш одете на лекар, затоа што може да ја имате оваа болест
-->

Рејнова болест прави некои делови на телото, особено прстите на нозете и рацете да ви се вкочанат и да побелат како последица од студ или стрес. Кај оваа болест малите артерии се згрчуваат и спречуваат стабилно снабдување со крв во овие делови.
Кај жените е почеста, а се поврзува и со луѓе во ладните краишта. За многумина оваа болест не е озбилна, но може да влијае на квалитетот на животот.
Симптомите се ладни раце или прсти. Промена на бојата на кожата под влијание на студ и стрес.
Кај оваа болест, обично прво побелуваат прстите, а потоа и помодруваат во внатрешноста. Како што се враќа циркулацијата на крвта во нормала овие делови на телото се вцрвенуваат, отекуваат и премногу болат. Рејновата болест, исто така може да се почувствува и на нос, уши, па дури и на брадавиците.
Потребни ви се 15 минути затоплување за да се вратите во нормала. Доколку за ова време состојбата не се подобри, веднаш посетете лекар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мирен протест на навивачката група Гемиџии
-
СДСМ: Пописот ќе се одржи на пролет, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја спречи оваа статистичка операција, 23.01.2021
-
Енди Мареј нема да настапи на Австралија Опен
-
МЗТ Скопје убедливо поразен од Слобода Ужице во АБА 2
-
Зидан заразен со коронавирус
-
Лестер неколку недели без Варди, напаѓачот мора на операција
-
Бразилско засилување во нападот на Шкендија
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака политички попис, не прифатија фингерпринт терминали, и одат на попис со однапред договорени бројки