Имало и полошо: Покоен дедо Вито 24 години го викаат на гласање
Витомир Михајловиќ од Нови Сад веќе 24 години е починат, а во петокот добил покана за гласање.
Од деведесетите години, Витомир Михајловиќ редовно добива покана за гласање иако починал пред 24 години, а семејството е огорчено поради грешката на надлежните.
-Дедото почина уште во 1992. година. Уредно пријавуваме дека тој повеќе не е жив, како во матично така и во полиција, меѓутоа кога и да има избори, добиваме покана за него па така беше и во петокот годинава. Бабата почина пред 10 години, а покана за неа не стигнува. Не знаеме кому уште да пријавиме дека дедото не е меѓу живите за да не ни стигаат повеќе покани на домашна адреса, објаснува неговиот роднина.
Во градската управа за општи работи им рекле дека Михајловиќ постои во Избирачкиот список. До забуна дошло поради компјутерите. Со проверка на матичната книга на умрените од 1992 година утврдено е дека таму не е евидентиран.
Српските медиуми потсетуваат дека на адресите на многу новосаѓани покрај редовните известувања за гласање во недела на 24 април, стигнале и покани за непостоечки станари. Покани не добиле само оние кои претходно тука живееле, туку и потполно непознати луѓе.
По тој повод реагираше и Градот кој ги повика сите граѓани кои имаа сознанија за покани за избори за лица кои воопшто не живеат во тие станови или се починати, тоа да го пријават во Градската управа за општи работи (отсек за избирачки список) за да се извршат измените во единствениот избирачки список.
Ново на Сител
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени
-
Тошковски ги разреши началниците од Штип и Кочани
-
Склад за гориво пронајден во непосредна близина на дискотеката
-
Мицкоски: Ќе одговара секој кој има вина
-
Релативно стабилна е состојбата на пациентите од Кочани хоспитализирани во клиниките во Скопје
-
Судска медицина работи на обдукција и идентификација
-
Поглаварот на МПЦ ќе присуствува на погребот