-->
-->
Имала опсесија за темен тен па за малце ќе платела со живот
-->

Оваа девојка некогаш била прекрасна, но погледнете до каде ја доведе опсесија за темен тен што го одржувала со сончање на плажа и во солариум без заштита.
Од својата 13 година, Лорен Хендерсон (40) сакала постојано да изгледа исончано. Постојано одела во солариум и на плажа користејќи само масло и креми без никаков фактори за заштита од УВ зрачење. Но, тоа ја чинело толку многу што сега жали за последиците.
– Кога одев на одмор, правев сè што можам за побргу да поцрнам, а по враќањето редовно користев солариум за да ја задржам бојата подолго, изјави за Daily Mail.

По некое време на нејзиното лице се појавила пега, за која се надевала дека ќе и помине самата од себе, а сонцето ќе и помогне да се изгуби. Кога и по некое време не се повлекла, туку напротив се зголемила, Лорен отишла на дерматолог.
За жал, се покажа дека добила рак на кожата. Таа на Фејсбук објави страшна слика од нејзиното лице со лузна по операцијата, како предупредување за сите други „тенорексични”, кои ги прават истите грешки како неа.

-Мислам дека не постојат доволно предупредувања кои ќе ја подигнат свеста кај луѓето и ќе допрат до нив. Кога некој вели, „сонцето е опасно”, звучи апстрактно. Затоа, треба да се покаже ужасна реалност, која на сите ќе им се вреже во меморијата – ја откри својата причините за објавување на фотографиите на социјалните мрежи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија
-
Полицијата во контроли на угостителски објекти ноќеска во Битола затекнала 20 малолетници, следуваат пријави
-
Десетици мртви во руски напад на Суми, Зеленски бара светот да ја казни Русија