„Има таков народ” ги почнува преговорите за нова бугарска Влада
Најбројната политичка партија во новоизбраниот бугарски Парламент, „Има таков народ“, ги почнува преговорите и консултациите за формирање влада.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, раководството на „Има таков народ“ веќе испратило писма за средба со лидерите на Бугарската социјалистичка партија, „Стани БГ! Доаѓаме“ и „Демократска Бугарија“.
Засега само ГЕРБ нема добиено покана за преговори.
Според бугарските медиуми, најверојатната владеачка коалиција би се избирала меѓу „Има таков народ“, „Демократска Бугарија“ и „Стани БГ! Доаѓаме!”.
Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, Тошко Јорданов од „Има таков народ“ во својот краток говор пред новоизбраниот бугарски Парламент, вчера кажа дека во рок од 15 дена ќе стане појасно дали ќе има влада или нови, трети, предвремени парламентарни избори во Бугарија.
Според софиските медиуми, ова значи дека, во најдобар случај, за новата бугарска Влада може да се гласа околу 5-ти август. Девет гласови што недостасуваат од оваа потенцијална коалиција, според различни шпекулации во медиумите, би се обезбедиле од Движењето за права и слободи.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати