Има обрасци за пасоши, издавањето документи продолжува и по 12 февруари, уверува Спасовски
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека има обрасци за патни исправи, откако омбудсманот Насер Зибери во неделата во интервју за Радио Слободна Европа рече дека граѓаните се жалат до Народниот правобранител дека МВР не го почитува законскиот рок за издавање на патни исправи и кажа дека МВР има недостиг на обрасци за патни исправи, како и за другите документи.
-Има обрасци за пасоши, една нова количина ќе стигне в понеделник, после една недела ќе стигне и втората количина, така што обрасци во овој дел има и не треба воопшто да се грижиме дали ќе продолжи целиот процес, рече Спасовски во одговор на новинарско прашање дали има обрасци за патни исправи по панелот „Северна Македонија – безбедна членка на НАТО со европска иднина“.
Во однос на турканиците што се создаваат за вадење лични документи, а чиј рок е до 12 февруари, Спасовски кажа дека на 12 февруари не престанува издавањето документи.
-Во 2021 година имаме изработено само 120.000 документи, а тоа говори дека сме си ги оставиле обврските за подоцна или да чекаме до последен ден. Ако погледнеме територијално, внатрешноста на државата, си ги има завршено работите скоро сто проценти. Тоа се случува за жал во Скопје, меѓутоа и тука имаме сериозен напредок, самата бројка на издадени над 1,25 милион патни исправи и над 1,1 милион лични карти и околу 550.000 возачки дозволи говори дека процесот се доведува до крај. И најважно од се е дека на 12 февруари не престанува издавањето документи, тие ќе можат и понатаму да се издаваат, вели Спасовски.
Ново на Сител
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски