Македонија
1. August 2022 - 16:39

Има ли злупотреба од трговците со цените на пелети?

Од 10% до 40% е маржата по која трговците ги продаваат пелетите. Ова е констатирано по досега 131 извршен вонреден инспекциски надзор, откако Владата наложи Пазарна да излезе на терен и да провери колкави се залихите и дали има основа за драстичното зголемување на продажната цена на пелетите. Инспекцијата утврдила дека веќе извесно време пелетите се увезуваат по значајно покачена цена.

Инспекторите засега не констатирале недостиг од пелети. Сепак, во тек се набавките за наредната зима, а со оглед на најавите од одредени држави дека ќе го забранат извозот, трговците ќе треба да обезбедат алтернативни пазари за набавка.

Од денеска парното греење се фактурира по цена повисока за 14% до 16%, зависно од тоа кој е снабдувачот. Тоа претворено во пари значи дека сметка од 1.800 денари ќе се покачи за 250 денари. Ова е второ поскапување на парното од почетокот на годинава, со што вкупно неговата цена се зголеми за над 28%. Владата најави помош за ранливите категории граѓани.