Македонија
13. јуни 2019 - 16:16
Има ли можност за одвојување на одлуките за Скопје и Тирана
Македонија го преживеа гласањето во холандскиот парламент, но не и Албанија.
Дури две третини од хоалндските пратеници сметаа дека Албанија поради високиот степен на корупција и криминал не е подгтовена годинава да ги започне преговорите.
Одлуката на Хаг да ја блокира Тирана, но не и Скопје е позитивен сигнал за нашата земја, сметаат експерите.
И унгарскиот амбасадор во земјава се согласува дека Унијата треба да го почитува принципот земјите аспиранти да се вреднуваат според заслугите.
Унгарија е една од 13 те земји членки кои преку нон пејпер го поддржаа почетокот на пргворите за Македонија и Албанија.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->