Свет
1. November 2015 - 12:44

Има ли крај?! - Тело на детенце пронајдено на 8 километри од авионот

Спасувачите кои работат на местото на несреќата каде што се урна рускиот авион во Синај пронашле тело на тригодишното девојче на 8 километри од пронајдените остатоци од авионот. Трагичната вест ја соопшти Агенцијата “Франс прес”, а трупот на детето е најден толку далеку од остатоците на авионот што наведува кон верзијата дека тој може да се поделил уште во воздухот како резултат на експлозија.

Инаку, во авионот загинаа 224 лица, а меѓу нив 17 деца.

Досега спасувачите пронашле остатоците на 175 од патниците и екипажот на авионот.