Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
Јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела против изборите и гласањето се обрати на денешната прес конференцијата и изјави дека денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности.
Во текот на вчерашниот ден во ЈО Делчево е заведен предмет по барање на МВР за вршење на увид во службена документација, во ЈКП Делчево и Македонска Каменица, поради сомневање дека е извршено кривично дело – Поткуп при избори и гласање од член 162 од Кривичниот законик.
Сомневањата биле поврзани со наводно поставување на бесплатни водомери на граѓаните од страна на јавните комунални претпријатија, со намена за поткуп на граѓаните да гласаат во нивно својство на денешниве изборите.
ОЈО Радовиш денеска извести и за настанот во селото Бучим. Наводно на место на гласање, при пуштање на гласачко ливче во кутија од страна на гласач, истиот го покажал на набљудувачот кој бил од одредена политичка партија. Дадени се соодветни насоки за проверување, но и дали постојат елементи на кривично дело поврзани со член 160 од Кривичниот законик – Повреда на слободата на определување на избирачите.
Станува збор за мал број на нерегуларности, но генералната оценка за досегашниот изборен процес е дека поминува без поголеми нарушувања кои би содржеле кривични дела. Ваквите нерегуларности биле пријавени и за истите веднаш се интервенирало. Денеска во текот на денот се организирани вонредни дежурства во сите основи јавни обвинителства.
Комисијата ги следи евентуалните изборни нерегуларности кои би претставувале кривични дела, поврзани со изборите и гласањето, но и останатите кривични дела кои би можеле да го нарушат текот на изборниот процес.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.