Им се „одмаздил“ на даночниците така што ги натерал да бројат монети

Ник Стафорд од градот Лебанон во американската сојузна држава Вирџинија, во даночниот оддел за транспорт донел пет колички полни со монети од по еден цент, за да го плати својот данок, пишува „Бристол Хералд Курир“.
Стафорд долго време не можел да сфати каков данок треба да плати за своите нови автомобили. Даночниците не му ги доставиле телефонските броеви на стручните служби, со што, како што смета Стафорд, бил нарушен федералниот закон за слободно информирање.
Незадоволниот граѓанин се обратил и до Судот, но и покрај тоа, тој телефонските броеви ги добил по прекинот на разгледувањето на постапката. Тогаш тој решил да им се „одмазди“ на бирократите.
Имено, Стафорд од банката подигнал 300.000 монети од по еден цент, точно колку што требало, за да го плати данокот. Законот тоа го дозволува, а надлежните не смеат да не го прифатат тој начин на плаќање.
На вработените од Даночниот оддел им биле потребни седум часа за да ги пребројат монетите.
Ново на Сител
-

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
