Им исплатил над 400.000 евра, Британци измамиле правно лице од Пробиштип
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Т.С.(21) од Велика Британија, правно лице од Велика Британија и A.A.A.(44) од Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“, информира МВР.
Како што информираат од МВР, првопријавениот, одговорно лице во правното лице и третопријавениот извршиле промена на компјутерски податоци, со што предизвикале невистинит резултат при пренос на податоци.
- Преку електронска порака, до оштетеното правно лице од Пробиштип, испратиле лажни банкарски инструкции за меѓународно плаќање, врз основа на кои оштетеното правно лице извршило плаќање во износ од 425.653 евра кон банкарската сметка на второпријавениот, наместо на вистинскиот добавувач. На тој начин тие причиниле вкупна материјална штета од 425.653 евра на правното лице од Пробиштип, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник