-->
-->
Им го поплави целиот стан: Овој човек е најлошиот водоводџија!
-->

Водоводџиите обично ги викаме за да ни ги спасат работите и да ни го вратат животот во нормала. Кога ќе ја погледнете снимката на која еден водоводџија предизвика вистински хаос, ќе бидете благодарни што никогаш не сте си имале работа со него.
Овој „мајстор“ бил повикан од сопственикот на станот откако тој забележал дека во бањата има проблем со цевка. Наместо да ја исклучи водата пред поправката, „мајсторот“ се одлучил да го среди проблемот без да го направи тоа, па го поплавил целиот стан, а штета имал и станот подолу.
За целиот настан да биде уште побизарен, водоводџијата наводно сакал на сопствениците да им заштеди пари. Всушност во Калифорнија за привремено исклучување на водата се наплаќало 150 долари. Наместо тоа, оваа поправка сопствениците ќе ги чини неколку илјади долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
